| четврток, 6 декември 2018 |

Цел Прилеп се собира во манастирот за празникот Архангел Михаил

По­ло­ви­на од гра­дот го сла­ви Ар­хан­гел Ми­ха­ил, а по­ло­ви­на Све­ти Ни­ко­ла, се ше­гу­ва­ат при­леп­ча­ни, но до­да­ва­ат де­ка тоа мно­гу се по­чи­ту­ва и ре­дов­но се по­се­ту­ва­ат ме­ѓу­себ­но за вре­ме на сла­ви­те

Ме­ѓу по­го­ле­ми­те есен­ски праз­ни­ци што на­ши­от на­род ги праз­ну­ва со до­маш­ни служ­би е праз­ни­кот Со­бор на све­ти Ар­хан­гел Ми­ха­ил, ме­ѓу на­ро­дот по­поз­нат ка­ко Аран­гел или Аран­ге­лов­ден. Цр­ква­та го опре­де­ли­ла овој ден за праз­ник во чест на си­те ан­ге­ли, а најм­но­гу на све­ти Ар­хан­гел Ми­ха­ил ко­го го сме­та за во­дач на си­те не­бес­ни си­ли. Со овој праз­ник им се од­да­ва приз­на­ние на ан­ге­ли­те, кои ги има без­број. Зо­што ток­му на овој ден се праз­ну­ва де­нот на ан­ге­ли­те? Спо­ред не­кои истра­жу­ва­чи, но­ем­ври е од­бран по­ра­ди тоа што, спо­ред по­ра­неш­но­то сме­та­ње на вре­ме­то ко­га го­ди­на­та поч­ну­ва­ла од март, бил де­вет­ти ме­сец, а во тол­кав број се и ан­гел­ски­те чи­но­ви.

„Све­ти Ар­хан­гел Ми­ха­ил“ е глав­на­та и единс­тве­на ма­на­стир­ска цр­ква во Ва­ро­шки­от ма­на­стир. Сме­сте­на во под­нож­је­то на Мар­ко­ви ку­ли, во на­сел­ба­та Ва­рош, не­по­сред­но до При­леп, уште ко­га наб­ли­жу­ва­те по па­тот кој во­ди до неа, зра­чи со сво­ја­та уни­кат­ност, сми­ре­ност и уба­ви­на. И при­леп­ча­ни го зна­ат тоа. Љу­без­но ни го по­ка­жаа па­тот до та­му и нѐ ис­пра­ти­ја со збо­ро­ви­те: „Гос­под е со вас“! Ја по­се­тив­ме во пре­срет на праз­ни­кот Ар­хан­гел Ми­ха­ил. Во неа жи­ве­ат пет мо­на­хи­њи, кои во ис­че­ку­ва­ње на го­ле­ми­от праз­ник беа за­фа­те­ни со сво­и­те об­вр­ски и ги при­вр­шу­ваа пос­лед­ни­те под­го­то­вки пред го­ле­ми­от праз­ник. Во 1998 го­ди­на е об­но­вен мо­на­шки­от жи­вот во ма­на­сти­рот, а де­нес за не­го се гри­жи ова петч­ле­но се­стринс­тво. Ма­на­сти­рот е ма­сов­но по­се­тен од вер­ни­ци­те би­деј­ќи во не­го се чу­ва­ат дел од мо­шти­те на све­ти­те Коз­ма и Дам­јан, ка­ко и мо­шти­те на све­ти Сти­ли­јан. „Св. Ар­хан­гел Ми­ха­ил“ се вбро­ју­ва ме­ѓу нај­у­ба­ви­те и најз­на­чај­ни кул­тур­ни спо­ме­ни­ци и ре­ли­ги­оз­ни цен­три во Ма­ке­до­ни­ја по­ра­ди што е ста­вен под за­шти­та на др­жа­ва­та ка­ко спо­ме­ник на кул­ту­ра­та. Уште пред вле­зот на цр­ква­та нѐ пре­срет­на ед­на од мо­на­хи­њи­те, ко­ја бе­ше за­дол­же­на за хи­ги­е­на­та. Со ед­но­став­ни по­те­зи ги чи­сте­ше су­ви­те лис­је на­со­бра­ни пред го­ле­ма­та цр­ков­на пор­та, укра­се­на со жи­во­то­пис. Нѐ за­мо­ли да ја по­че­ка­ме се­стра Вар­ва­ра. На­ско­ро и таа при­стиг­на, се­ка­ко отка­ко ги за­вр­ши об­вр­ски­те во гра­дот, а мо­ра­ше да им се по­све­ти и на мо­ли­тви­те и на ра­бо­та­та во ма­на­сти­рот.

Sveti-Arhangel-i-Mihael-3

– Сѐ што се пра­ви овие де­но­ви е во чест на Ар­хан­гел Ми­ха­ил. Де­но­ви­те се ис­пол­не­ти со мо­ли­тви, ве­чер­ва е сла­ва­та и мно­гу на­род ќе дој­де во ма­на­сти­рот, а исто та­ка и утре – ни ре­че се­стра Вар­ва­ра наг­ла­су­вај­ќи де­ка ста­ну­ва збор за мно­гу го­лем праз­ник, за кој би збо­ру­ва­ле со де­но­ви, но во мо­мен­тов тие има­ат мно­гу об­вр­ски око­лу под­го­тву­ва­ње­то на сла­ва­та.

– Мо­ли­тва­та ми е нај­важ­на – ни ре­че отка­ко нѐ вне­се во дво­рот на ма­на­сти­рот.

Во дво­рот вла­де­е­ше праз­нич­на ат­мо­сфе­ра. Чи­сти и уба­во уре­де­ни трев­ни по­вр­ши­ни, со за­са­де­ни бор­чи­ња и цвет­ни аранж­ма­ни со цве­ќи­ња од се­ка­ков вид, а бе­ло­то ма­че, очиг­лед­но љу­би­мец на мо­на­хи­њи­те, по­сто­ја­но пот­трч­ну­ва­ше око­лу нас, но љу­бо­пит­но ѕир­ка­ше и во кош­ни­ци­те со све­жо ис­пе­че­ни леп­чи­ња и во ко­ла­чи­те кои во ме­ѓу­вре­ме при­стиг­ну­ваа во ма­на­сти­рот, а беа на­ме­не­ти за све­че­на­та тр­пе­за. Ко­на­ци­те и цр­ква­та, за­ви­е­ни во гра­нит­ни­те кар­пи, ка­ко да че­каа да го при­мат на­ро­дот, кој во овој крај ма­сов­но го праз­ну­ва све­те­цот.

Sveti-Arhangel-i-Mihael-2

Во цр­ков­ни­те кни­ги е за­бе­ле­жа­но де­ка на де­нот на сла­ва­та, ко­га се сла­ви спо­ме­нот на све­ти­те­лот, це­ло­то се­мејс­тво тре­ба да ја по­се­ти цр­ква­та и да при­сус­тву­ва на утрин­ска­та све­та бо­гос­луж­ба, ка­ко и вни­ма­тел­но да ја слу­ша це­ла­та. Не е уба­во са­мо да се вле­зе во цр­ква­та, да се за­па­лат све­ќи и вед­наш да се из­ле­зе. На бо­гос­луж­ба се при­сус­тву­ва це­ло вре­ме, сè до неј­зи­но­то за­вр­шу­ва­ње. Уба­во е ко­га це­ло­то се­мејс­тво на овој ден, пре­ку прет­ход­на под­го­то­вка, ќе се при­че­сти со све­ти­те тај­ни, па на та­ков на­чин прос­ла­ву­ва­ње­то на до­маш­на­та сла­ва ќе до­бие ви­стин­ско зна­че­ње и смис­ла.
Во При­леп по­ло­ви­на град го сла­ви Ар­хан­гел Ми­ха­ил, а по­ло­ви­на Све­ти Ни­ко­ла, се ше­гу­ва­ат при­леп­ча­ни, но до­да­ва­ат де­ка тоа мно­гу се по­чи­ту­ва и ре­дов­но се по­се­ту­ва­ат ме­ѓу­себ­но за вре­ме на сла­ви­те.

Во гра­дот се­ко­гаш е уба­во да про­ше­та­те низ ста­ри­те чи­сти улич­ки, да сед­не­те во не­кое од ка­фу­ли­ња­та или ќе­бап­чил­ни­ци­те.

– Ту­ка си се знае ре­дот, са­бо­та е па­за­рен ден – гуж­ва, се­ка­де лу­ѓе, пре­пол­но; не­де­ла е ден за до­ма, за од­мо­ра­ње, ни­ка­де ни­кој, ед­вај чо­век да срет­неш по ули­ца, ни бу­рек­чил­ни­ци­те не ра­бо­тат. Уба­во е во по­ма­ли­те ме­ста. Си­те се поз­на­ва­ат, се­кој со се­ко­го се поз­дра­ву­ва, се­ко­гаш ќе нај­деш со ко­го да се на­пи­еш ка­фе – ве­лат при­леп­ча­ни.

– Јас ка­ко ма­ла одев на мно­гу сла­ви и имен­де­ни со ба­ба ми. Се се­ќа­вам де­ка во ед­на ве­чер одев­ме на по­ве­ќе ме­ста, ќе нè пос­лу­жеа со сла­тко и не­што слич­но, се кас­ну­ва­ше не­што мал­ку, мис­лам де­ка за­дол­жи­тел­но има­ше сит­ни ко­ла­чи и се оде­ше по­на­та­му. Е се­га ра­бо­ти­те се из­ме­не­ти. Ку­ќи­те не се отво­ре­ни за се­ко­го, ту­ку за кон­крет­но друш­тво, па и ме­ни­то е раз- лич­но. Но, во се­кој слу­чај, и јас мис­лам де­ка тоа не тре­ба да би­де фе­шта – рас­ка­жу­ва ед­на по­ста­ра при­леп­чан­ка.

Sveti-Arhangel-i-Mihael-6Цр­ква­та „Ар­хан­гел Ми­ха­ил“ ко­ја де­нес ја гле­да­ме пред нас е цр­ква ко­ја спа­ѓа во ре­дот на ви­зан­ти­ски­те цр­кви. Да­ти­ра од 12 век, ка­ко ед­но­ко­раб­на цр­ква. Комп­ле­ксот што се­га го гле­да­ме, ва­ков ка­ков што е, за­ед­но со ко­на­ци­те и со за­пад­ни­от ко­нак, е из­гра­ден во 1861 го­ди­на. Во 1995 го­ди­на бе­ше поч­на­та ре­кон­струк­ци­ја­та, но без­ус­пеш­но по­ра­ди не­без­бед­но из­ве­де­на­та ста­ти­ка. Ова што ние се­га го пра­ви­ме е се­ри­о­зен про­ект. Се пра­ви дуп­че­ње во гра­нит­ни кар­пи кои не мо­же да се изд­ла­бат лес­но. Оваа фа­за ги оп­фа­ќа гра­деж­ни­те ра­бо­ти над ка­ме­но­то при­зем­је и пр­ва­та бе­тон­ска пло­ча, ка­ко и из­вед­ба­та на вна­треш­ни­те пре­град­ни ѕи­до­ви и ска­ли до вто­ра­та бе­тон­ска пло­ча. Ра­бо­ти­те се од­ви­ва­ат спо­ред пред­ви­де­на­та ди­на­ми­ка и по­крај фа­ктот де­ка ста­ну­ва збор за те­шка при­стап­ност на те­ре­нот, ка­ко и по­ра­ди со­ста­вот на кар­пи­те ка­де што се од­ви­ва град­ба­та. Пр­ва­та фа­за, ко­ја ве­ќе е ре­а­ли­зи­ра­на, пред­ви­ду­ва­ше фун­ди­ра­ње те­ме­ли, ѕи­да­ње на но­сеч­ки­те ар­ми­ра­но­бе­тон­ски стол­бо­ви и пр­ва ар­ми­ра­но­бе­тон­ска пло­ча со оград­ни ѕи­до­ви од ка­мен. Ра­бо­ти­те во на­ред­на­та го­ди­на, што ќе зна­чат и тре­та фа­за од из­град­ба­та, оп­фа­ќа­ат по­диг­ну­ва­ње на ка­тот и по­кри­вот на ко­на­кот. Но­ви­от исто­чен ко­нак се гра­ди на вкуп­на по­вр­ши­на од 292 ква­драт­ни ме­три и тре­ба да би­де за­вр­шен нај­доц­на до 2015 го­ди­на – ни ре­че Гор­да­на Да­на­и­лов­ска-Спи­ро­ва, ди­ре­ктор­ка на За­вод и му­зеј – При­леп.

Се­пак, це­ли­от град се со­би­ра во ма­на­сти­рот на овој ден.

Спо­ред ле­ген­да­та, тој по­тек­ну­ва од 10 век ко­га не­кој не­поз­нат уче­ник на све­ти Кли­мент Охрид­ски се на­се­лил во ед­на од кар­пи­те, ка­де што во­дел оса­ме­нич­ки жи­вот.

Sveti-Arhangel-i-Mihael-5

Де­нес не­го­во­то име не е поз­на­то, но во при­лог на ле­ген­да­та збо­ру­ва фа­ктот што ме­сто­то ка­де што се на­о­ѓа ма­на­сти­рот се ви­ка Кај Све­те­цот. Цр­ква­та е из­гра­де­на на ста­ро култ­но ме­сто за што све­до­чат ан­тич­ки­те мер­мер­ни стол­бо­ви кои се упо­тре­бе­ни во неј­зи­на­та из­град­ба. Име­но, пред цр­ква­та се по­ста­ве­ни мер­мер­ни ко­ло­ни на не­ко­гаш­ни­от трем, на ед­на од нив е со­чу­ва­ни­от за­пис со ки­рил­ско пис­мо, во кој се спо­ме­ну­ва смрт­та на Ан­дреа. Овој за­пис е втор по ста­рост сло­вен­ски нат­пис со ки­рил­ски бу­кви по нат­пи­сот на над­гроб­на­та пло­ча на Са­му­и­ло­ви­те ро­ди­те­ли од 993 го­ди­на.

Ме­ѓу 10 и 12 век цр­ква­та по­ве­ќе­па­ти би­ла раз­ур­ну­ва­на и гра­де­на. Од тој пер­и­од по­стои тра­га са­мо од се­вер­ни­от ѕид на цр­ква­та, ка­де што сè уште по­сто­јат де­ло­ви од фре­ски од 12 век. Исто та­ка, од тоа вре­ме оста­на­ле и фре­ски­те во под­зем­је­то на цр­ква­та кои обра­зу­ва­ат ту­нел. Кон кра­јот на 13 век вла­де­те­лот Јо­ван по­втор­но ја из­гра­дил цр­ква­та и ја по­све­тил на све­ти Ар­хан­гел Ми­ха­ил. Имај­ќи пред­вид де­ка од прет­ход­на­та цр­ква оста­нал са­мо мал дел, мо­же да се зак­лу­чи де­ка цр­ква­та во це­лост е кти­тор­ско де­ло на вла­де­те­лот Јо­ван. За тоа све­до­чи и фре­ска­та на за­пад­на­та стра­на на цр­ква­та, на ко­ја Јо­ван е прет­ста­вен ка­ко кти­тор кој в ра­це го др­жи мо­де­лот на цр­ква­та. При­тоа, тој е нас­ли­кан ка­ко ве­ли­кос­хи­ник, а нат­пи­сот ка­жу­ва де­ка тој се за­мо­на­шил во ма­на­сти­рот. По­доц­на, при­леп­ски­те вла­де­те­ли Вол­ка­шин и кра­ле Мар­ко ја об­но­ви­ле цр­ква­та за што све­до­чат две­те фре­ски на вле­зот, на кои се прет­ста­ве­ни двај­ца­та вла­де­те­ли.

Де­нес цр­ква­та има фор­ма на ед­но­ко­раб­на град­ба со наг­ла­сен исто­чен и за­па­ден дел. Јуж­на­та фа­са­да на за­пад­ни­от дел од цр­ква­та е со­чу­ва­на во сво­јот пр­во­би­тен изг­лед, до­де­ка источ­ни­от дел од фа­са­да­та пре­тр­пел пре­пра­вки. Из­вор­но­ста на за­пад­на­та фа­са­да е со­чу­ва­на во дол­ни­те пар­тии, до­де­ка во гор­ни­те е из­вр­ше­на ре­кон­струк­ци­ја.

Пишува: Невена Поповска
Фото: Ѓорѓи Личовски

(Текст објавен во 64. број на неделникот „Република“, 22.11.2013)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top