Поранешниот висок офицер на бугарските тајни служби кои ја покривале Македонија а сега сопственик на интернет агенцијата Фокус – Нет, Красимир Узунов во текст објавен на неговиот медиум побара поранешниот Претседател на Бугарија Жељу Желев на кратко да замолчи за односите со Македонија.
Узунов тврди дека пред повеќе од 5 години говорејќи за АСНОМ претседателот Глигоров ги шокирал локалните репортери (Узунов не кажува каде и кога точно се случил настанот) кога зпочнал да говори на бугарски јазик. Скандалот спроед Узунов не излегол во јавноста поради тоа што проработила цензурата и подоцна неговите изјави биле прераскажани на македонски јазик.
Во низата небулозни тврдења на екс агентот на Третиот директорат на воената служба за безбедност е и тезата дека Македонската војска во Втората светска војна била формиран од Бугарија и дека движењето на отпорот всушност било формирано за два дена на 8-9, Септември 1944 година.
Според сопственикот на ФОКУС – Нет, експертите докажале дека во староста човечката меморија ги отвара потиснатите слики и сеќавања од младоста кои биле таму присутни со децении, со што всушност Узунов го објаснува однесувањето на Глигоров на средбата со новинарите кога проговорил бугарски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.