| четврток, 6 декември 2018 |

Вработени 100 лица со владиниот проект во состав на МТСП

g_dime-spasov1

За околу 100 лица од социјално ранливи категории денеска е прв работен ден во органите во состав на Министерството за труд и социјална политика. Работните места се дел од проектот  на Владата за вработување 1.600 лица од таа категорија во јавниот сектор.

Нововработените во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје ги посети министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој им посака успешна работа и среќа на работните места.

– Ми претставува особено задоволство што имаме можност во органите во состав на Министерството за труд и социјална политика да ги примиме овие луѓе на работа. Верувам дека сега нивната состојба ќе биде многу подобрена, изјави министерот Спасов.

Љупчо Зафировски, еден од вработените преку владиниот проект, кој е дипломиран правник и самохран родител, изјави дека бил без работа 10 години. За почеток ќе работи во одделенијата во Центарот и ќе ги помине потребните обуки.

– Се чувствувам реализиран. Со проектот 1.600 ми се променија видиците со вработувањето. Тоа што го ветува Владата го исполнува. Се надевам дека ќе одговорам на работните задачи, изјави Зафировски.

Тој негира дека вработувањата преку владиниот проект се по „партиски клуч“, затоа што, како што рече, се сомневал но се покажало спротивното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top