| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатни ортопедски помагала за лицата со инвалидитет во декември

Утре е Меѓународениот ден на лица со инвалидитет, чија точна бројка во Македонија сѐ уште не се знае. Секојдневната борба за подобрување на квалитетот на живеење, за поголема мобилност и вклученост во општествениот живот, укажува на нивната потреба од поддршка од институциите, но и од центрите за здравство.

За да излезе во пресрет на потребите на овие лица, да го задржат своето достоинство, да ги добијат своите права и благосостојба, Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ од Скопје го прогласува декември за месец без партиципација. Со оваа акција, сите членови на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија или некое друго здружение на лица со телесен инвалидитет, во просториите на „Славеј“ ќе бидат опслужени со еден дел од големиот дијапазон на ортопедски помагала, кои што се и ќе бидат единствено решение за оваа категорија на лица.

– Искрено се надеваме дека со нашата акција која трае од 2 до 31 декември оваа година, ќе им оствариме можност и олеснување на телесно инвалидизираните лица активно да се вклучат во општеството. Во пресрет на оваа акција ги ослободуваме од партиципација и сите лица кои користат високоперформантни анатомски пелени. Целта е да ја подигнеме свеста во јавноста за постоењето на овие лица и да им овозможиме полесен и квалитетен живот затоа што тие не се само семејна грижа, туку и општествена  – изјавуваат од „Славеј“.

Брзото темпо на живеење и невнимателноста се само дел од причините за секојдневно зголемување на бројката на инвалидизирани лица во светот. Благодарение на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ а.д. Скопје, овие лица во нашата Република можат да продолжат со секојдневните активности без да се почувствуваат дискриминирани.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top