| четврток, 6 декември 2018 |

Брисел за идните седум години ќе има 960 милијарди евра за трошење

Советот на Европската унија денеска ја усвои регулативата за утврдување повеќегодишна финансиска рамка на Унијата (МФФ) за периодот 2014-2020 година.

Усвојувањето следува откако Европскиот парламент на 19 ноември даде согласност за финансиската рамка, со што официјален Брисел ќе има на располагање 960 милијарди евра за трошење во следните седум години. Денешната одлука означува крај на две и полгодишните преговори во Унијата и овозможува новата генерација на програми за субвенционирање во ЕУ да почне од 1 јануари 2014 година.

Силен акцент во идниот сеудмгодишен буџет на ЕУ е ставен на трошоците со цел зголемување на економскиот раст и создавање нови работни места, во согласност со политичките приоритети на Унијата. Освен обезбедување буџетска дисциплина за Европската унија, овој буџет е и преведување политички приоритети во бројки, бидејќи целта на МФФ беше исто така да се олесни усвојувањето на годишниот буџет на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top