| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците најмногу гледаат „Икс фактор“ од цел Балкан

Дури 56 проценти од населението во Македонија гледа „Икс фактор“, барем според податоците на тамошната продукција. Со малку помал процент од нас, дури 52, Црногорците се навлечени на ова шоу. Следува БиХ со 50 проценти и Србија во која, барем процентуално, најмалку се гледа – 40 проценти.

Во вторник ќе се емитува специјална епизода на шоуто во која ќе бидат прикажани досегашните фаворити. „Икс фактор специјал“ ќе биде и еден вид интерактивна програма која ќе им овозможи на гледачите да ги искористат друштвените мрежи „Твитер“, „Фејсбук“ и некои сајтови за да гласаат и да учествуваат во изборот на натпреварувачите кои ќе влезат во следната рунда на конкуренцијата, поточно „Регрутниот камп“. Гласовите на публиката ќе помогнат и во изборот на ментор за нивниот фаворит.

Од следната епизода жирито, поточно Кики Лесендриќ, Кристина Ковач, Жељко Јоксимовиќ и Емина Јаховиќ, ќе станат ментори на одредена група кандидати и ќе се натпреваруваат меѓу себе, а публиката ќе стане петтиот член. Од следната емисија ќе може да гласате за вашите фаворити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top