фото: Нова
Кираца Трајковска, потпретседателката на Надзорниот одбор и акционер на Фершпед АД, една од најмоќните и влијателни бизнисменки во Македонија за НОВА го образложува својот потег- зошто со соопштение ја информираше и алармираше јавноста за, како што таа вели, незаконското работење на првиот човек на Фершпед, Штерјо Наков и неговиот син Драган Наков, како и претседателот на Надзорен одбор, Иван Петровски.
-Главната намера и целта на Накови е да се обезвредни фирмата, односно акциите и со тоа да станат доминантни, мнозински акционери семејството Накови- со таа цел именуваа неспособни, неквалификувани работници.
Методата е на акционерите да се бараат бланко потписи за гласањето на Вонредното собрание , и со тоа да добијат полномошни застапувања од останатите акционери, преку одредени луѓе на фирмата, за да се овозможи Накови да одлучуваат за управувачката структура.
Разочарана сум од однесувањето на Штерјо Наков- да ме елиминира од тековното работење и да наметне самоволие, тортура врз вработените, незаконско намалување на платите и неефикасно работење, кое финансиски го трпи фирмата и вработените. Разочарана сум што ме омаловажува Штерјо Наков, што ме игнорира мене, која сум дел од врвот во фирмата со цел да ме оддалечи од тековното работење.
Оваа војна која е објавена не само кон неа туку и кон другите акционери, денеска резултирала со полициска интервенција.
Трајковска денеска ги пријавила во полиција- Штерјо Наков и неговиот син Драган Наков, како и претседателот на Надзорен одбор, Иван Петровски, откако обезбедувањето не и дозволило да влезе во Фершед.
-Ги пријавив тројцата во полиција, дадов изјава дека со нивна наредба мене не ми беше дозволено да влезам во фирмата која ја создававме со години.
Нејзиниот следен чекор е- да ги охрабри акционерите да дојдат самостојно, без притисоци и тортура да гласаат и да одлучат за својата судбина и верува дека тие се на нејзина страна, на страна на правдата.
-Јас сум со вработените и акционерите со години во фирмата- чувствувам дека тие мене ме почитуваат, нема стравопочит, туку взаемна лојалност и почитување, вели Трајковска за НОВА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Кој се пријави, се пријави: Исцрпени средствата за субвенционирање на печки на пелети
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје