Пет македонски филма ќе бидат прикажани на годинашното издание на Меѓународниот фестивал на краткометражни филмови за млади – ТИСФЕСТ што деновиве се одржува во Истанбул, Турција. Во програмата „Меѓународна селекција“ составена од 13 различни селекции кои се тематски организирани, ќе се прикажат околу 200 краткометражни, документарни и играни филмови.
Краткометражниот „Епизодист“ во режија на Игор Алексов, „Синот“ во режија на Марко Ѓоковиќ, „Митот на Сара“ на Саша Станишиќ, документарниот филм „Нашите во Станбол“ во режија на Елизабета Конеска и краткометражниот „Образ“ во режија на Стефан Сидовски, сите тие ќе бидат прикажани во одделни селекции.
Фестивалот освен филмски проекции нуди и богата програма каде посетителите и учесниците ќе имаат шанса да земат учество во Мастер предавања организирани од страна на еминентни пофесионалци од областа на филмската индустрија, каде младите филмаџии ќе имаат можност да дискутираат и да ги споделат своите мислења и искуства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филмот „Очите на фотографката“ ќе го отвори третото издание на фестивалот „Богородичен покров“
-
Во Загреб отворена голема ретроспектива на македонскиот игран филм
-
Прв фестивал на нов европски филм: „Beach film festival“ на плажата „Оревче“ од 19-22 јули
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал