| четврток, 6 декември 2018 |

Седница на Советот за соработка на високо ниво меѓу Грција и Бугарија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов и 11 министри од Владата во Софија денеска во Атина ќе учествуваат на втората седница на Советот за соработка на високо ниво меѓу владите на Грција и Бугарија.

Во Атина Борисов ќе се сретне со претседателот на Грција Каролос Папуљас и со премиерот Андонис Самарас, додека бугарските министри ќе имаат средби со своите ресорни грчки колеги.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, двете високи делегации ќе потпишат шест документи, меѓу кои и Заедничка декларација на владите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top