Овен
Во согласност со добрата ориентација, ги планирате новите професионални потези и делувате под влијание на вашата околина. Вашите оптимистички ставови влеваат надеж во успехот со вашиот деловен партнер. Самодовербата е позитивен тренд кој постојано го следите и кој ви носи одлична можност за забрзано напредување и за нови афирмации.
Во периодот од 5 декември ве очекува прилив на дополнителна креативна енергија, добри можности и подобрување со условите. Што се однесува до љубовта, важно е да го усреќите вашиот партнер и да почувствувате взаемна наклонетост.
Совет: Присуството на Сонцето и Меркур е одлична комбинација за остварување на вашите соништа.
Бик
Активно ги следите сите нови случувања и имате јасни критериуми. Сакате да напредувате во вашата кариера, но работната динамика ви наметнува нови проблеми во однос со соработниците. Стратегијата која ја спроведувате на крајот донесува позитивни резултати особено во финансиска смисла или во правец на лично усовршување.
Време е да докажете дека имате подобри решенија како и ефикасен начин на спроведување заеднички интереси. Новите емотивни случувања во вашиот љубовен живот ви донесуваат немир во вашата душа и ви го влошуваат вашето расположение.
Совет: Присуството на Сонцето и Меркур во осмото поле претставуваат поврзување на она што го сакате и духовно ве хранат.
Близнаци
Доколку правилно ја сфатите вашата улога и основните правила во професионалната соработка, бидете коректни и придржувајте се на веќе зацртаните професионални норми. Важно е правилно да се информирате и да се припремите за различни варијанти на професионален настап.
Од 11 декември ве очекуваат успешни резултати и одлична можност за понатамошно усовршување. Ви се чини дека партнерот нема доволно разбирање за вашите потреби, така што често навлегувате во конфликт и поради тоа имате променливо расположение. Недостатокот на оптимизам се обидувате да го надоместите со надворешни забави што воопшто не е добро за вас.
Совет: Присуството на Сонцето и Меркур во седмото поле ве прават среќна личност. Ве следи позитивно влијание од Уран и Нептун, а патот кон професионалниот успех и личната среќа е најубавото задоволство овој месец.
Рак
Кога ви доаѓаат добри идеи умеете да делувате амбициозни во вашата околина, но во некои ситуации и несигурно. Сакате да ги остварите целите и барате од соработниците да добиваат слични идеи. Ангажирањето на различни страни остава добар впечаток, но само до одредени граници.
Потребна ви е нечија поддршка за да ги остварите вашите цели, а во периодот од 18 декември бидете упорни во своите намери. Кон крајот на месецот ќе се подобри вашата љубовна ситуација така што ќе сретнете нова непозната личност која ќе го промени вашето однесување. Нема потреба да избегнувате емотивна врска или одговорност.
Совет: Присуството на Сонцето и Меркур во шестото поле ви дава можност да остварите заеднички и партнерски успех и триум или задоволство на различни нивоа.
Лав
Умеете доста да барате. Во согласност со вашите професионални афинитети често се наоѓате во центарот на главните работни случувања. Останете на земја и мислете пред да делувате за правилно да одговорите на различните теми кои постојано ве следат.
Во периодот од 19 декември потребно ви е да ги исполните редовните обврски и да подмирите некои долгови. Кон крајот на месецот обрнете внимание на вашиот стил и начинот на изразување. Се наоѓате во одлична можност да ја остварите хармонијата на заедничкиот живот или да ги исполните сопствените љубовни желби.
Совет: Присуството на Сонцето и Меркур во петтото поле дава поволни услови за успех и љубовно задоволство.
Девица
Повремено вашиот професионален живот го „удираат“ ненадејни удари, што дополнително ја исцрпува вашата сила и креативна енергија. Бидејќи сте личност која обрнува внимание на материјалните интереси, тешко можете да се помирите со ситуацијата кога некој ги ограничува вашите барања или потребата за широка афирмација.
Во периодот од 16 декември важно е да го дадете вашиот максимум, за да ги реализирате целите кои ви се приоритет и да добиете подобра позиција меѓу соработниците. Се` почесто вашиот љубовен живот ви носи занесеност и задоволство, а вас ви одговара третманот кој го добивате во друштво на саканата личност.
Совет: Присуството на Сонцето и Меркур во четвртото поле ви донесува задоволство во љубовниот живот и во вашето семејство.
Вага
Се наоѓате во одлична можност да реализирате корисни цели или да прифатите соработка со една влијателна личност. Делувате одлучно и сакате да ги развиете методите за успех. Нема потреба да се двоумите дали да ги прифатите професионалните предизвици.
Во периодот од 21 декември обрнете внимание на можноста за пошироко професионално напредување или на ситуациите кои носат различни видови на успех. Што се однесува до љубовта, партнерот изразува негодување и се обидува да ви го промени начинот на размислување. Емотивните дилеми можат да се разрешат но со дополнително трпение и време.
Совет: Присуството на Сонцето и Меркур во третото поле, ве поттикнуваат дополнително да се ангажирате во различни правци.
Шкорпија
Често преземате активна улога за време на донесувањето на важни одлуки за приоритетите кои сте си ги поставиле во врска со финансиските инвестиции. Потрудете се да завршите обврски пред 22 декември и немојте да дозволите некој да ги забавува вашите цели.
Се` почесто чувствувате романтична нота во вашето расположение и имате засилена потреба за љубовна хармонија. Уживајте во убавите работи и дозволете си себеси вистински емоционален занес, бидејќи се` што е убаво може да биде инспиративно и магично доколку тоа навистина го сакате.
Совет: Присуството на Сонцето и Меркур во второто поле, нагласуваат интересни контакти и активна улога во општествениот живот.
Стрелец
Делувате доста енергично во вашите намери, но не можете истовремено да се ангажирате на паралелни страни и да ги испратите сите актуелни случувања во работата. Ви пречи кога некој се обидува да го намали вашето темпо бидејќи вие најдобро знаете колку и како можете да работите.
Во периодот од 19 декември ве очекуваат разни подобрувања, унапредување или подобра можност за проширување на вашите финансиски приходи. Сакате да го унапредите вашиот љубовен и интимен живот, а доколку постои добра можност не треба да ја пропуштите.
Совет: Присуството на Сонцето и Меркур во вашето соѕведие е одлична комбинација за големи добивки и остварување на љубовните желби.
Јарец
Не дозволувајте работата да ве окупира и повеќе отколку што е потребно. Научете да подвлечете јасна линија и правилно да се заштитите од различни коментари и непријатности кои потенцијално го нарушуваат вашиот професионален и општествен статус.
Во периодот од 26 декември треба да ја завршите одамна започнатата работа, која ќе ви донесе долгорочен позитивен ефект. Што се однесува до љубовта, ви недостасуваат добра волја и одлучност. Имате чувство дека саканата личност користи лоши начини за остварување на сопствените намери што дополнително го поттикнува вашето незадоволство.
Совет: Присуството на Сонцето и Меркур во дванесеттото поле ви носат нови сознанија и решенија потребни за хранење на вашиот духвен живот.
Водолија
Делувате загрижено поради вашиот професионален статус и не сакате да се смирите со познатите стандарди кои владеат во вашата околина. Барате ефикасен начин за делување и имате намера да ја унапредите вашата позиција на работа, но многу прашања се` уште остануваат без одговор.
Во љубовниот живот ќе доживеете случувања кои ќе бидат навистина пријатни, па така се препуштате на инспирацијата, страстите и чувствата кои кај вас ги предизвикува вашата сакана личност.
Совет: Присуството на Сонцето и Меркур во единаесеттото поле е одлична врска меѓу духовното задоволство и материјалната благосостојба.
Риби
Со желба да реализирате успешни резултати спремни сте да ги преминете вашите досегашни професионални можности и утврдени стандарди. Чувствувате креативна енергија и сакате да го подобрите вашиот професионален статус и положба. Немојте да дозволите колегите да ве вознемируваат со глупави озборувања за вашиот шеф.
Во вашиот љубовен живот постојано се менуваат топли и ладни бранови. Нагласените страсти и бурните изливи на емоции во подолги интервали може да делуваат интригантно за вашиот однос со партнерот. Вашиот партнер заслужува внимание и наклонетост, па затоа обидете се да му ги дадете.
Совет: Присуството на Сонцето и Меркур во десеттото поле ви донесува одлична визија низ можноста за решавање на некои приватни, семејни и лични проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


