| четврток, 6 декември 2018 |

Дождлива недела

dozd-i-ladno-3

Утрото на вториот ден од викендот носи врнежи од дожд во поголем дел од земјата, а во пониските краеви на западниот регион и мешани врнежи од дожд и снег – стои во прогнозата на Метеопро. Снегот продолжува и понатаму во планинските предели на западниот дел од Македонија во текот на речиси целиот ден, но со променлив интензитет. Врнежите ќе имааат тенденција на намалување на интензитетот околу средината на денот, а во текот на вечерта повторно ќе имаме бран на врнежи пред се во јужниот регион. Максималната температура ќе достигне вредност околу 5°С, а во југоисточниот регион околу 8°С.

Во Скопје ќе имаме облачно време со повремени врнежи од дожд и слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе „падне“ до 2°С, а максималната ќе достигне 5°С

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top