| четврток, 6 декември 2018 |

Загина ѕвездата од Брзи и бесни, Пол Вокер

pol voker2Холивудската ѕвезда Пол Вокер, главниот лик од серијалот филмови Fast & Furious (Брзи и бесни) загина во сообраќајна несреќа во Калифорнија. 40-годишниот Вокер бил сопатник во Порше на свој пријател кој исто така загинал на местото на несреќата во северниот дел на Лос Анџелес. Тие присуствувале на добротворен настан. Според фотографиите од несреќата и од изјавата на полициските службеници поршето удрило во столб по што се запалило убивајќи ги двајцата патници во истото. Набрзо потоа, веста се прошири преку социјалните мрежи, а сите негови колеги и фанови ја дочекаа со неверување и жалост.

pol voker1

Вин Дизел, соработник во серијалот Брзи и бесни на Пол, на својот Инстаграм напиша: Брате, засекогаш ќе ми фалиш. Целосно останав без зборови. Рајот има нов ангел. Почивај во мир.

Пол ја имаше главната улога во пет од шесте филмови Брзи и бесни, од кои последниот почна да се прикажува во мај.

pol voker

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top