Соединетите Американски Држави понудија да ги уништат најопасните делови од сирискиот хемиски арсенал, соопшти денеска меѓународната Организација за забрана на хемиското оружје.
Оваа организација, со седиште во Хаг, наведе дека сириското хемиско оружје ќе се уништи на американски брод на море, со помош на хидролиза, истакнувајќи дека пловилото сега се прилагодува за таа намена.
– САД понудија да пружат технологија, целосна оперативна поддршка и финансии за да се неутрализира сирискиот хемиски арсена – се наведува во соопштението на Организацијата. Процесот, најверојатно, ќе се изврши на брод во Средоземното Море, а би требало со помош на Сирија, да биде завршен до крајот на годината.
Организацијата за забрана на хемиското оружје, согласно планот за целосно неутрализирање на сириското хемиско оружје до средината на 2014 година, исто така бара приватни компании да уништат речиси 800 тони хемикалии, од кои повеќето се индустриски супстанци кои редовно се уништуваат во цивилните капацитети ширум светот. Во соопштението од Хаг се наведува дека за тој дел од процесот засега заинтересирани се 35 компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст