| четврток, 6 декември 2018 |

Царевата нова облека

Познатото виски „Балантајнс“ од денеска во Македонија е со нов изглед. Новиот изглед на шишето и етикетата беше претставено на голема забава каде присутни беа  познати јавни личности, ТВ лица, естрадни уметници, спортисти.

Новиот лик на брендот број еден во светот во сегментот виски, го откри манекенката Маја Ристевска заедно со водител на настанот, Тони Михајловски.

– „Балантајс“ е бренд кој е познат по својата постојаност во квалитетот, но и по специфичната препознатливост што претставува синоним за виски пијалак. Суптилните промени на формата на шишето се направени со цел да се унапреди имиџот на брендот, да се модернизира веќе постоечкиот дизајн, но да се задржи високиот квалитет на „Балантајнс“ – изјави претставникот на „Балантајнс“ во Македонија

Новиот „Балантајнс“ ги спојува традиционалните вредности на овој пијалак како што се безвременост, елеганција и автентичност со нов модерен стил во изгледот. Амбалажата ја задржува правоаголната форма по што Балантајнс е познат, горниот дел на шишето е поаглест што резултира со остар и посмел изглед.

Новиот дизајн кој вклучува етикета во облик на шеврон на новиот изглед му дава подинамичен и попривлечен изглед. Знакот за премиум квалитет е потенциран со поистакната позиција како и поедноставување на печатот на„ Балантајнс“.

Новото шише ја најавува и новата глобална кампања на брендот: „Stay True, Leave an Impression” потенцирајќи дека секој потрошувач на брендот мора да верува на себе си, да остане тоа што е.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top