| четврток, 6 декември 2018 |

Верижен судар на 20-тина возила кај Загреб, четворица мртви

Четири лица загинаа, а 15 се повредени во сударот на 20-тина возила, кој рано утрово се случи кај тунелот Крпани на делницата на автопатот А1 Свети Рок-Масленица, во насока кон Загреб.

Во несреќата учествувале дваесетина возила, меѓу кои и автобус, камион со приколка и повеќе патнички автомобили и комби, соопшти госпичката полиција, пренесува порталот Индекс.

– Според засега достапните информации, автобусот во кој немало патници, ја пробил заштитната ограда и ја попречил спротивната лента на автопатот. Дошло до верижен судар, во кој во обете насоки учествувале околу 20 возила. Сообраќајот по автопатот А1 е затворен во двете насоки – изјави портпаролот на жупанските полиција Маја Брозичевиќ.

Весникот „Јутарњи лист“ повикувајќи се на наофицијални извори објави дека меѓу загинатите е и еден полицаец. Тој наводно меѓу првите стасал на местото на несреќата и се обидувал да го регулира сообраќајот, односно да ги предупреди останатите учесници на верижниот судар, но и самиот настрадал во налет на возило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top