| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена е работилница за метални производи во Тетово

Околу 5.000 евра штета претрпел Ф.М. (43) од тетовското село Џепчиште откако засега непознати сторители провалиле во неговата работилница за преработка на метални производи „Аги-пром 5“

„Во работилницата било провалено во периодот помеѓу 28-ми минатиот и 4-ти овој месец при што засега непознатите сторители насилно ја отвориле влезната врата и влегле во работилницата и одзеле повеќе делови од машина за обработка на лим во вкупна тежина од околу 2.000 килограми и други росфрајтни елементи. Вредноста на одземеното, според сопственикот на фирмата Ф.М (43), кој вчера ја пријавил кражбата, се проценува на близу 5.000 евра‘‘, – вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Се превземаат активности за целосно расветлување на случајот и за откривање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top