Кога мажите се вљубени тие испраќаат суптилни сигнали, кои не смеете да ги пропуштите. На некои мажи им е тешко да ги изговорат двата мали, но многу важни збора, а некои едноставно ги кажуваат, но не ги мислат. Обрнете внимание на најочигледните знаци дека тој е вљубен и нема да морате да чекате да ви ги признае неговите длабоки чувства.
1. Подготвен е на компромиси
Компромисот е дел од темелите на кој било здрав однос и кога мажот е вљубен, тој почнува тоа да го прави без размислување. Дали ја откажува средбата со пријателите или некоја игра за да биде со вас или остава на вас да го одберете начинот на кој ќе го поминете заедничкото време? Доколку е така, неговите чувства се веројатно подлабоки од обичната
вљубеност.
2. Вложува во вашата иднина
Откако ќе се развијат силни чувства, еден од најголемите знаци дека мажот е вљубен е начинот, на кој тој говори за иднината. Доколку почне да покажува интерес за вашето образование или кариера, тој е подготвен да го вложи своето време и емоции во врската за која мисли дека ќе трае.
3. Сака да се согласувате со неговите родители
Запознавањето на неговите пријатели обично е чекор, кој се случува пред фазата на вљубеност. Запознавањето на неговото семејство и желбата да се согласувате со неговите роднини е еден од најсигурните знаци дека е вљубен. Имјаќи предвид дека сака долго да сте во неговиот живот, нема да трпи тензичен однос меѓу вас и другите луѓе, кои ги сака.
4. Не се плаши од извинување
Кога мажот е вљубен, тој се плаши да почне кавга, бидејќи знае дека таа може да ги искине конците на вашата поврзаност и дефинитивно не се плаши да се извини.
5. Користи „ние“, наместо „јас“
Може да го нагласи неговото прво „ние“ или може едноставно да му излета. Ова е еден од најдобрите знаци дека мажот е вљубен во вас.
6. Покажува вљубеност со тоа што се грижи за вас
Може да почне со појадок во кревет или со совет поврзан со автомобилот или кариерата, но кога мажот е вљубен во вас, порано или подоцна ќе стане ваш „поправач“. Дозволете му да помогне, кога знае што прави и наградете го со „благодарам“ и со комплименти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.