| четврток, 6 декември 2018 |

Откажана посетата на „тројката“ меѓународни кредитори на Грција

Претставниците на „тројката“ меѓународни кредитори на Грција ја откажаа посетата на Атина планирана за идната недела, јави ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на дипломатски претставник.

Според истиот извор, претставниците на „тројката“ меѓународни кредитори од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, нема да допатуваат во посета на Атина, поради „неспособноста на грчките власти да ги исполнат своите обврски во однос на кредитните договори“.

Поради ова одлагање се очекува на седницата на Еврогрупата на 9 декември да не биде донесена одлука за доделување на следната транша за Грција од кредитот на ЕУ-ММФ.

Првично беше најавено дека „тројката“ во понеделник ќе допатува во Атина за продлжување на преговорите, но грчки владини извори уште вчера објавија дека не е сигурно кога меѓународните инспектори ќе ја посетата земјата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top