| четврток, 6 декември 2018 |

Попладневната дремка ве прави покреативни

Лекарите сметаат дека попладневниот сон од еден час нѐ прави покреативни, за разлика од поголемиот број вработени луѓе кои се хронично ненаспани.

Најдобро е да дремнете по ручекот за да му дадете време на организмот да ја свари храната и да собере резервна енергија.

Дури и од НАСА на своите пилоти им препорачуваат малку да дремнат, така што за време на долгите летови, додека двајца пилотираат, третиот одмора, со што се подобрува способноста за 34, а будноста за 54 проценти.

Научниците сметаат дека користа од полачасовниот одмор трае во наредните 4 до 5 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top