Меѓународната агенција за проценка на кредитниот рејтинг „Стандард енд Пурс“ објави извештај „Должничката криза во еврозоната 2013“ во кој вели дека во втората половина од 2012 година во еврозоната се случиле позитивни промени и дека оваа 2013 може да биде година за пресвртница по должничката криза.
„Во монетарната унија повеќе од три години, посебно во перифериските земји, владееле економски и финансиски проблеми. Но во втората половина од 2012 година се случиле позитивни промени. Државите би можеле да ги стабилизираат јавните долгови и да ги малат надворешните, и на тој начин да постигнат ребаланс“, стои во рапортот на „Стандард енд Пурс“.
Но агенцијата предупредува на потребата од дисциплинирани и чувствителни мерки во Европа. „Веруваме дека европските политичари работат на потребната инфраструктура за подобрување“, заклучува „Стандард енд Пурс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


