Изгледите на стопанствата на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа ќе зависат од зајакнувањето на еврозоната, оцени Виенскиот институт за меѓународна економија.
Стопанствата на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа ќе зависат од зајакнувањето на еврозоната, особено во Германија, но големо влијание ќе имаат и разликите во фискалната политика, е главниот заклучок од прогнозата на Виенскиот институт за меѓународна економија за периодот од 2013 до 2015 година.
Буџетските мерки за штедење ќе влијаат врз економскиот раст во Албанија и Русија, а во Србија би можеле да предизвикаат и рецесија, додека фискалното политичко олеснување во Чешка, Бугарија, Романија и на Косово во различни мерки може да влијае врз поттик на растот, се истакнува во прогнозата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.