| четврток, 6 декември 2018 |

Луј Витон ги налути московјаните, куферот ќе „лета“ од црвениот плоштад

Минатонеделното доаѓање на капитализмот во облик на џиновски куфер од Луј Витон на московскиот Црвен плошдат едни го прифатија со одушевување, додека други, пак, гледаа со ужас во чудото што го нарушува погледот на Лениновиот мавзолеј. Но, како што се чини, сепак ќе биде како што сакаат вторите, па павилјонот на познатиот француски дизајнер ќе биде отстранет, и тоа под итно!

Минатата недела среде Црвениот плоштад во Москва, кој се наоѓа на листата на УНЕСКО, беше поставен џиновски куфер со логото на Луј Витон, на кој се поставени две големи врвци во боите на руското знаме, висок девет метри и 30 метри долг.

Совршен симбол на модерна Русија, павилјонот во кој требаше да се одржи шестнеделна изложба за историјата на луксузните куфери на Витон, наречена како „Душа на патувањето“, го блокираше погледот на Црвениот плоштад и поради тоа предизвика негодување кај многу московјани.

Многу руски медиуми пренесоа дека администрацијата на рускиот претседател побарала итно отстранување на павилјонот затоа што никогаш не дала одобрување за негово поставување. Застапениците во рускиот парламент, кој се наоѓа спроти, изјави дека Црвениот плоштад е свето место на руската држава, кое не можат да се тривијализираат.

lv-kovceg-rusija1-650x519

Споменатата изложба требаше да се одржи од 2 декември до 19 јануари по повод 120 години на московската стоковна куќа „ГУМ“, а приходите од продажбата на картите ќе беа наменети за добротворната организација на манекенката Наталија Водјанова „Голи срца“, која финансира разни активноста наменети за хендикепираните деца.

Но, по се изгледа дека славната московска стоковна куќа, исто така, се посомнева во својата одлука. Таа побара од француската модна куќа „Луј Витон“ да го тргне џиновскиот куфер по негативните реакции на јавноста и поради тоа што големината на павилјонот ја надминала одобрениот лимит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top