| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“

„Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“ е насловот на изложбата што денеска  во 18 часот ќе биде отворена во „Порта Македонија“. Автор на проектот е Деан Шкартов – Деко, кој 11 години се занимава со промоција на природните кристали, минерали и скапоцени камења.

На изложбата ќе бидат претставени 16 експонати и реплики изработени од овој скапоцен камен.  Ќе бидат изложени примероци – реплики на цветот подарен на принцезата од Пакистан во 2008 година, медалјонот подарен на емирот од Kатар. Изложбата е насловена „Моќниот знак на нашето срце“.

По 10-годишниот ангажман во промоцијата и едукацијата за природните кристали, минерали и скапоцени камења од локално потекло, Деан Шкартов дошол до сознание дека македонскиот рубин би можел да нѐ претставува во светот.

По охридскиот бисер, сега го имаме и македонскиот рубин. Шкартов во последните години го промовира и кристалот од Кокино и амазонитот.

Ова е првата официјална промоција на „Деко“, а на неа ќе настапат некогашните членови на групата „Kлержо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top