| четврток, 6 декември 2018 |

„Алкалоид“ доби награда за најдобра кампања на социјалните медиуми

bekutan alkaloid

Во силна конкуренција на повеќе од триесет финалисти , проектот ‘„Бекутан радосница‘‘ на „Алкалоид“ од Скопје е добитник на наградата „Златен семплер“ (Golden Sempler) на годинашниот медиумски настан „Семпл“ во Порторож, Словенија.
Жирито, во интернационален состав, ја прогласи кампањата на „Алкалоид“, „‘Бекутан радосница‘‘ за победник во категорија најдобра кампања реализирана на социјалните медиуми.

Дигиталната „Бекутан радосница“ е современа, електронска верзија на добро познатите детски радосници, создадена со цел да се зачува традицијата на креирањето „книга на спомени‘‘ независно од трендот на новите технологии.

Во оваа радосница на „Фејсбук“, родителите можат на многу едноставен начин да ги сочуваат сите важни моменти и спомени за своите деца, но и да ги споделат со своите роднини и пријатели, кои, исто така, можат да учествуваат во креирањето на содржината.

becutan

Веднаш по нејзиното активирање, радосницата на „Фејсбук“ предизвика огромен интерес во Македонија, Хрватска, Србија, Словенија…и до денес, креирани се повеќе од 10.000 радосници.

Зад креирањето и реализацијата на „Бекутан радосницата“ стои ангажманот на маркетинг-агенцијата „Мек Кен“ од Скопје, а наградата „Златен семпл“ е прва награда за македонски проект од овој фестивал.

„Семпл“ е интернационален медиумски настан, чијашто цел е да претстави нови трендови и да ја анализира најдобрата практика. Секоја година, настанот собира на едно место стотици учесници од светската маркетиншка и медиумска индустрија.

„Семпл“ е познат по квалитетот на својата програма, квалитетот на проектите и по можностите за поврзување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top