Најмалку две лица беа убиени денеска во напад на американско беспилотно летало врз исламистички камп во племенската област во северозападен Пакистан, во близина на границата со Авганистан, соопштија претставници на локалните сили за безбедност.
Нападот бил извршен во селото Ангар, на десетина километри од Мираншах, административен центар на округот Северен Вазиристан.
Американското беспилотно летало истрелало две ракети врз џихадистички камп.
Се пртепоставува дека убиените исламисти, најверојатно, се од централна Азија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


