Одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу Србија и Европската унија е веќе начелно договорена, пишува српскиот весник „Вечерње новости“ и додава дека Белград ќе добие „зелено светло“ на работната вечера на лидерите на ЕУ.
Датумот на првата меѓувладина конференција меѓу Србија и ЕУ, со која се означува почетокот на претпристапните преговори, е закажан за 20 декември, веднаш по седницата на Европскиот совет во Брисел, објави „Вечерње новости“ повикувајќи се на свои извори.
Според весникот, изминатите денови Белград добил сигнал од седиштето на ЕУ дека ќе добие „зелено светло“ во декември и му е сугерирано да почне подготовки за официјалниот почеток на прегоорите и да го усогласи составот на делегацијата што ќе патува во Брисел.
На конференцијата Србија ќе ја претставуваат премиерот Ивица Дачиќ, министерот за ЕУ Бранко Ружиќ и раководителот на преговарачката екипа Тања Мишевиќ.
ЕУ ќе ја претставуваат министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичус, еврокомесарот за проширување Штефан Филе и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот