Вечерва во 20 часот, Кинотеката на Македонија, Македонската академија на науките и уметностите и Заедница на Црногорците во Република Македонија свечено ја одбележуваат 200-годишнината од раѓањето на Петар Петровиќ – Његош со промоција на фототипното издание на првиот превод на „Горски венец“ на македонски јазик од Блаже Конески од 1947 година.
По промоцијата ќе биде прикажан филмот „Његош – една биографија, ноќ поскапа од два века“, во режија на Бранко Балетиќ.
Петар Втори Петровиќ Његош, световно име Раде Томов Петровиќ (1 ноември 1813-31 октомври 1851), бил владика и владетел на Црна Гора од династијата Петровиќ-Његош, тој е еден од најголемите претставници на црногорската и српската книжевност.
Неговото родено име било Раде, а како дете бил овчар на падините на Ловќен. Неговиот чичко, митрополит Петар Први, го забележал бистриот ум на Раде и го повел со себе во манастирот на Цетиње, кога Раде имал 12 години. Во манастирот Раде научил да чита и да пишува, го учел рускиот јазик, подоцна и италијанскиот.
Во 1827 година, митрополитот Петар Први го определил Раде за свој наследник, а по неговата смрт во 1830 година, Раде со неполни седумнаесет години станал Петар Втори, духовен и световен владетел на Црногорџите. Во тој момент Црна Гора била разединета и затворена од сите страни, без централна државна организација, а школувана личност била голема реткост. Племињата станувале едни против други, крвната освета била честа, а околните непријатели, посебно турските паши, ги поткупувале селаните со леб и жито за да се кренат против власта.
Прв политички чекор на Његош било протерувањето на гувернадурот. Потоа го создал Сенатот, нешто како влада и врховен суд од 16 члена, составен од најугледните Црногорци. За да воспостави ред во Црна Гора, вовел т.н гвардија, нешто како полиција и суд, и некој вид на дворска стража, т.н перјаници. Создал и народна каса за купување храна во неродни години, за купување оружје и за заем на оние на кои им било најпотребно. Отворил училиште, создал печатница, започнал со изградба на патишта, бунари и складови. Његош започнал да внесува граѓанска култура и писменост, а Црна Гора почнала да се отвора кон надворешниот свет.
Данокот кој го вовел Његош за да се спроведат сите овие реформи, не бил дочекан со широки раце од црногорските племиња. Риечката нахија кренала бунт, но владиката успеал да се пресмета со бунтовниците. По дваесет години поминати на чело на Црна Гора, Петар Втори Петровиќ Његош умира од болест во 1851 година. Закопан е на место кое самиот го одбрал за свој гроб, а денес таму се наоѓа неговиот мавзолеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст