| четврток, 6 декември 2018 |

Накова го најде вистинскиот

Манекенката Александра Накова веќе неколку месеци е заедно со кошаркарот Никола Гајдаџиев. Иако тој е помал од неа неколку години, тоа воопшто не им пречи. Напротив, нивните профили се полни со заеднички фотографии и многубројните подароци кои редовно си ги подаруваат.

– Пресреќна сум. Уживам во она што ми се случува и морам да кажам дека мислам оти конечно го најдов вистинскиот за мене. Сакам нашата љубов никогаш да не заврши – вели Накова за „Вечер“.

Таа вели дека тој ја освоил со скромноста, со вниманието и поддршката кои постојано ѝ ги посветува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top