| четврток, 6 декември 2018 |

НБА: Клиперси тонат

Мајами се искачи на третото место за сметка на вториот тим од ЛА кој без Пол и Грифин наликува на некои минати времиња

Без Блејк Грифин и Крис Пол, Клиперси се само просечен НБА тим. Тоа утринава им го демонстрираа во Вашингштон каде домаќинот славеше со 98-90 иако пред мечот Визардс беа најлошиот, а Клиперс третиот тим според ефектот. Позициите на тие што се соочија во DC, директно зависеа од мечот Мајами-Шарлот во кој Леброн Џејмс имаше реприза од предходниот ден со 31 кош и по 8 скока и асистенции, а  првакот рутински победи со 99-94. Токму таа победа го промовира Мајами во трет во Лигата и го закова Шарлот на самото дно. Вредни за издвојување се и новите триумфи на Оклахома со Далас од 112-91 и на Њујорк со Детроит 99-85. Останатите утрински средби низ набројување:

Индијана – Чикаго 111:101
Филаделфија – Орландо 78:61
Минесота – Портланд 98:100
Јута – Сакраменто 98:91-продолжение

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top