Европскиот суд ги укина санкциите на ЕУ против иранска енергетска компанија. Тоа е уште една судска одлука против мерките наложени од ЕУ поради иранската нуклеарна програма.
Со вчерашната одлука се укинуваат санкциите против „Фулман“ и нејзиниот главен акционер Ферејдун Махмудијан. САД ја обвинуваат компанијата дека учествува во изградбата на таен завод за збогатување ураниум во Иран.
Во согласност со договорот од минатата седмица, претстои ослабување на наложените санкции, откако Техеран вети дека ќе ги ограничи нуклеарните дејности. Меѓутоа, ЕУ бара да има можност да наложува трговски ограничувања во иднина, доколку Техеран не го исполни ветеното.
Тоа е прва ваква одлука на Европскиот суд. Неколку санкции веќе беа укинати на пониска инстанца затоа што државите од ЕУ одбија да да предадат докази, кои ги поврзуваат објектите на санкциите со нуклеарната програма. Според владите, на тој начин може да биде откриена доверлива информација, добиена од разузнавањето.
Иранската индустрија и политичката елита обжалуваат повеќе од 30 решенија за замрзнување активи, одбивање да се издадат визи и прекин на деловните врски со Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.