Градот го распиша јавниот повик за доделување договор за воспоставување јавно-приватно партнерство за изградба, управување, користење и одржување на ски-патека на Водно. Договорот ќе се воспостави како концесија за јавна работа за период од 25 години, сметано од денот на потпишувањеето.
Според Град Скопје, цел е унапредување на економскиот и општествениот развој, како и подобрување на инвестициската клима во туристичкиот сектор и развој на градот како културно – историски и спортско – рекреативен туристички центар, една од долгорочните визии и цели на Градот Скопје е изградба на современ и модерен скијачки комплекс на планината Водно којшто ќе ги задоволи највисоките светски стандарди за ваков вид на објекти.
Градот Скопје исто така го објави и јавниот повик за избор на изведувач за изградба на подземната сообраќајница што ќе се протега од Комплексот банки до мостот „Гоце Делчев“, под кејот на реката Вардар.
Предмет на изградба ќе биде подземна сообраќајница од булеварот Кузман Јосифовски-Питу со раскрсницата со улицата Никола Карев до булеварот Кочо Рацин, од булеварот Кочо Рацин преку кејот „13-ти Ноември“ и раскрсницата со булеварот „Илинден“ и булеварот „ВМРО“ и трасата на сообраќајниот коридор до булеварот „Партизански одреди“ преку булеварот „ВМРО“ и дел од булеварот „Илинден“.
Подземната сообраќајница треба да биде долга 1.300 метри, од кои 900 метри се под земја, а 400 метри над земја. Сообраќајницата почнува со кружен тек кај мостот „Гоце Делчев“, потоа оди под земја и излегува во близина на Транспортниот центар, каде што треба да се направи уште еден кружен тек на вкрстувањето на булеварот „Крсте Мисирков“ со булеварите „Кочо Рацин“ и „Кузман Јосифовски Питу“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


