| четврток, 6 декември 2018 |

„Разнесени глави не пречат, но оралното задоволување на жена е проблем?“

Актерката Еван Рејчел Вуд ја нападна американската филмска цензура поради „сечењето“ на сцената со орален секс во филмот „Чарли Кантримен“, заклучувајќи дека тоа е симптоматично за општество што се плаши од женската сексуалност.

Цензорите, всушност, се одлучија да ја исфрлат сцената во која Чарли Кантримен, кој го игра Шија ла Буф, орално ја задоволува Габи Ибанеску, која ја игра 26-годишниот Еван Рејчел Вуд.

„Сцената во која двата главни лика имаат секс е тргната бидејќи некој мислеше дека сцена на која еден човек орално задоволува една жена ќе биде непријатна за публиката, додека сцените со убиства и разнесување на главата остануваат непроменети. Ова е симптом на општество кое сака да ги засрами жените бидејќи уживаат во сексот“, напиша бесната актерка на „Твитер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top