| четврток, 6 декември 2018 |

Израелците го освоија Кожув

Кошаркарите на Кожув го претрпеа вториот пораз во БИБЛ – лигата, а ланскиот шампион Галил Гилбоа не дозволи втор неуспех од македонска екипа за кус период и славеше со  72-65. Куманово пред два дена по продолжение ги совлада Израелците, но овојпат кошаркарите на Кожув немаа ист победнички рецепт.

Последната четвртина, што играчите на Галил Гилбоа ја добија со 26-19 го одлучи мечот и им донесе победа на гостите.

Миладин Пековиќ постигна 14 поени во редовите на Кожув, а по 13 уфрлија Слободан Божовиќ и Димитар Мираковски. Кај Галил Гилбоа, Ричард Џексон беше најефикасен со 18 поени, воедно и најпрецизен на натпреварот, а Дешон Симс уфрли 17.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top