| четврток, 6 декември 2018 |

Нема истрага за Карла дел Понте

karla del ponte

Механизмот за меѓународните кривични судови го отфрли барањето на Радован Караџиќ да се спроведе истрага против Карла дел Понте поради непочитување на судот.Судијата на овој орган оцени дека барањето е неосновано затоа што “нема причини да се верува дека дел Понте е одговорна за непочитување на судот“.

Претходно судот се прогласил за ненадлежен по тоа барање. Поранешниот претседател на Република Српска, кому се суди за геноцид во БиХ, тврдеше дека дел Понте во 2004 година ги прекршила правилата на Трибуналот со тоа што на американски дипломати им доверлив список на сведоци кои обвинетиот Слободан Милошевиќ ги поднел до судот.

Судијата одлучил дека списокот на сведоците на Милошевиќ иако одбраната ги поднела како доверлив документ не бил со печат по одлука на Трубиналот, па поради тоа не ја прекршила наредбата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top