Поединечните плати на европските комесари на 28-те членки на земјите во еврозоната надминуваат 20.000 евра
Сите земји членки на ЕУ, имаат по еден член во Европската комисија, извршен орган на ЕУ.
Европскиот комесар за економија, Белгиецот Карел де Гухт, како еден од таканаречените „стандардни„ министри, има бруто месечна плата од 20.667 евра.
Гухт покрај платата, добива и надомест во износ од 15% од месечно примање, на име трошоци за станарина, што е 3.100 евра, како и премија за месечни трошоци на репрезентација од 607,71 евра.
Потпретседателката на ЕК, Холанѓанката Нили Крос и Вивијан Рединг од Луксембург, имаат месечни примања од 22.963,55 евра. И тие добиваат посебен надомест за трошоци за сместување во висина од 15% од месечната плата, што изнесува 3.444 евра, како и премија за месечна презентација од 1.418 евра.
Претседателот на ЕК, Хозе Мануел Баросо, има бруто месечна плата од 25.353, 75 евра, до додаток за трошоци за станарите во износ од 3.802 евра и месечна премија за презентација од 1.418 евра.
Оданочувањето на бруто платата сместено е во 14 различни категории и тоа во износ од осум до 45%. меѓутоа, ЕК во 2009 година потрошила 3.908.391 евра за патувања, вечери и подароци. Кога на европскиот комесар ќе му истече мандатот, нему му се исплаќа отпремнина во износ од една месечна плата, како и надомест за трошоци за селење.
Бруто месечните плати на чиновниците на ЕУ сместени се во шест групи во износ од 2.654 евра до 18.370 евра.
Во европските институции работат 55.000 лица, од нив 10.000 илјади се вработени на основ договор за работа, а во самиот Брисел работат 58% од европскиот персонал. ЕК вработува најголем број чиновници, 33.030.
Минималното бруто месечно примање на соработник кој работи на основа на договор за работа е 1.847 евра, а максимално 6.599 евра.
Постојат шест платни групи на постојано вработени. Најниска плата имаат архиварите и нотарите и нивната бруто плата изнесува 2..654 евра. Највисока плата имаат генералните директори во износ од 18.370 евра.
Постојат, меѓутоа, и разни додатоци кои месечно се исплаќаат како што е додаток за семејна подршка, во износ од 170 евра, на кој му се додава износ од два посто од месечните примања. Освен тоа, на службениците месечно им се исплаќаат 373 евра за секое дете кое оди во училиште во семејството, како и премија за месечна презентација од 911 евра.
На сите членови кои не се државјани на државата во која работат им се плаќа додаток во износ од 16% од месечната заработка, поради што нето платите на некои службеници се поголеми од бруто примањата.
Дневниците на европските парламентарци кои дополнително се исплаќаат изнесуваат 304 евра. Пратениците на Европскиот парламент имаат покрај тоа и право на исплата на 4.299 евра месечно на име на општи трошоци.
Европскиот пратеник кој десет пати присуствувал на заседание на парламентот, може со редовната плата, да заработи за еден месен 9.200 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


