| четврток, 6 декември 2018 |

Се снима документарен филм за невестите од Албанија

Етнологот Анита Ѓорѓиоска снима нов етнолошки документарен филм „Последна карта“, во кој се зборува за невестите од Албанија кои се мажат во кумановските села.

Првиот дел од филмот е снимен во селата Довезенце, Алгуња, Бељаковце и Старо Нагоричане, каде што има голем број жени омажени за Македонци.

– На моја голема среќа во снимањето наидов баш кога таткото, невестата и стројникот беа дојдени од Албанија за да дадат збор. Во декември ќе одиме во Албанија каде што ќе биде свадбата, ќе се изврши прстенувањето. Филмот носи наслов „Последна карта“ и има симболика во смисла последна шанса што ја фаќаaт во животот – изјави Ѓорѓиоска.

Таа објаснува дека во Албанија мажите се на печалба и тамошните девојки тешко наоѓаат партнер, па затоа се мажат во побогатите козјачки села.

„Последна карта“ ќе биде завршен во декември, а пред јавноста ќе биде прикажан следната година. Филмот е поддржан од Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top