Центарот за мониторинг на интернет-продажба на лажни брендирани производи од близу двесте светски компании се наоѓа во Скопје и секој месец отстранува од сајбер-просторот на Европската Унија (ЕУ) и на Балканот илјадници веб-страници и најразновидни непристојни понуди што го загрозуваат правото на интелектуална сопственост, пишува „Нова Македонија“.
Станува збор за глобалната мрежа „Реакт“, која води секојдневна битка со фалсификаторите во сите области на индустријата, од производи на светски дизајнери, електроника до детски играчки. По нивна интервенција, само во минатата година биле иницирани 26.000 случаи, во кои биле запленети над 11 милиони парчиња фалсификувана стока. Во моментов се грижат за безбедноста на производите на близу 200 реномирани светски брендови, меѓу кои се и „Сваровски“, „Лореал“, „Ралф Лорен“, „Кавасаки“, „Канон“, „Адидас“, „Ауди“, „Версаче“, „Булгари“.
– Во Македонија се наоѓа центарот за интернет-аукциски истраги на светската мрежа за искоренување на продажбата и на шверцувањето лажни брендирани производи. Го истражуваме пазарот и, во соработка со локалните власти, иницираме постапки. Само во минатата година затворивме 556.323 интернет аукции низ Европа – вели Ели Муфишовски, шефица на балканската секција на „Реакт“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст