| четврток, 6 декември 2018 |

Патарината си ја ставал в џеб, а возачите ги тепал со палка

Patarina

Кумановски инкасант за патарини украл ролна со сметки за патарина, што им ја давал на возачите, а парите си ги ставал в џеб. Кога еден возач му се пожалил дека му дал сметка со застарен датум, инкасантот со дрвена палка му го искршил ветробранското стакло.

СВР Куманово поднеле кривична пријава против И.А.(39) од Куманово, инкасант во Одделението за наплата на патарина на наплатната рампа „Романовце“ за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, а заедно со И.Л.(29) од Куманово за насилство и соизвршителство.

Во периодот од 4 до 18 август лани И.А. од посебна просторија на објектот на патарината зел хартиена ролна од раздолжени контролни наплатени фискални сметки за деновите 3 и 4 август 2012 година во износ од 50.120 денари, по што сметките им ги давал на возачите што поминувале на наплатната рампа, а добиените пари противправно ги присвоил.

Исто така, на 18 август, И.А. на српски државјанин му дал сметка за платена патарина, а откако реагирал дека на сметката стои претходен датум (односно 4.8.2012 година), И.А. заедно со И.Л. излегле од кабината, по што И.А. со дрвена палка му го скршил ветробранското стакло од возилото, додека пак И.Л. му се заканувал по животот барајќи веднаш да ја напушти Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top