Градоначалникот на градот Голд Коаст го повика пејачот Џастин Бибер да ги исчисти графитите кој со спреј ги нацртал на ѕидовите во дворот на хотелот „КТ“.
Бибер кој моментално се наоѓа на турнеја во Австралија, на ѕидот покрај тениските игралишта нацртал неколку ликови од цртани филмови, ги фотографирал и ги поставил на Инстаграм, каде добил повеќе од пола милион лајкови.
– На него не му е местото во нашиот град – рече градоначалникот Том Тате кој на пејачот во хотелот му пратил прибор за бришење на графитите.
– Да го направеше ова некој друг, ќе добиеше од 80 д0 100 часа корисна работа. Само дојди и исчисти го нередот и се ќе биде во ред – му порача градоначалникот на Бибер.
Сепак од управата на хотелот не се согласуваат со градоначалникот во проценката со тоа што го направил Бибер.
– Ова ремек дело ќе го сочуваме во него да уживаат неговите обожаватели – велат од управата на хотелот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


