
Проширувањето на ЕУ не може биде врвен приоритет на Брисел во време кога економската криза ги тресе темелите на самата Унија, изјавил Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент (ЕП).
– Процесот на проширувањето, сепак, ќе продолжи, а со тоа што Хрватска стана членка, ЕУ докажува дека нема да ги затвори вратите за Западен Балкан – изјавил Шулц за НИН.
Тој нагласил дека за Србија нема да има нови услови за членство во Унијата и истакнал дека тоа што се случува во односите меѓу Белград и Приштина е од историско значење.
– Следам што се случува и целосно ги поддржувам разговорите меѓу премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи. Српските лидери покажаа вештина на државништво, храброст и визија – рекол Шулц и нагласил дека ЕП би сакал да има добри односи меѓу Белград и Приштина, и што поскора нормализација на односите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


