| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно тепачи во струшкото училиште „Нико Нестор“

Niko-Nestor

Ученици се степале во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга, при што едно момче било избодено со нож во слабината и завршило в болница.

Ова училиште е познато по постојаните тепачки на учениците Албанци и Македонци.

МВР јави дека навчера околу околу 13 часот, во Струга на раскрсницата од улиците „Пролетерски Бригади“ и „Моша Пијаде“, поради претходно нарушени односи дошло до физичка пресметка помеѓу М.А.(16) од село Корошишта и Н.Ѓ.(17) од Струга инаку ученици во СДУ „Нико Нестор“, при што Н.Ѓ. се здобил со телесни повреди. Поради тоа околу 14,30 часот, во дворот од училиштето,  повторно настанала тепачка помеѓунив, во која се приклучиле и А.Ф. (17) од Струга, Г.К.(16) од село Корошишта и уште две непознати лица, при што на Г.К. со остар предмет му била нанесена убодна рана во пределот на слабината. Повредениот е пренесен во струшката болница за укажување лекарска помош каде се констатирани телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top