| четврток, 6 декември 2018 |

Велешки тинејџер шверцувал Авганистанци

Migranti 06.06.2013

Велешанец стар само 18 години доби кривична пријава од полицијата, откако бил фатен на автопатот Неготино-Велес како шверцува 12 илегални мигранти од Авганистан, информира МВР.

Како што пишува во полицискиот билтен, С.Д. (18) од Велес управувал товарно возило, кое било сопрено на автопатот кај селото Караслари, при што се утврдило дека во возилото има 12 државјани на Авганистан, кои во Македонија влегле илегално.

Тинејџерот добил 30-дневен притвор, а Авганистанците се префрлени во Прифатен центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top