| четврток, 6 декември 2018 |

Преку 22.000 потписи против Шимуниќ и хрватската репрезентација

ФИФА го извести Фудбалскиот сојуз на Хрватска дека до крајот на наредната недела ќе им биде одредена казната на нивната организација како и за репрезентативецот Јосип Шимуниќ поради скандирањето усташки пароли по победата над Исланд во баражот за квалификации за Светското првенство.

Како што пренесува „Јутарни лист“, Меѓународната фудбалска федерација минатата недела барала изјава и одговор од Шимуниќ.

Во меѓувреме е покрената петиција, на хрватската фудбалска репрезентација да ѝ се забрани настапот на мундијалот, заблагодарувајќи се на Нефиш Хаја, чијашто цел е борба за едукација за холокаустот и будење на свеста против говорот на омраза.

Петицијита до средата имала речиси 9.000 потписи, а досега бројката на луѓе што го поддржаа ригорозното казнување на Шимуниќ и на репрезентацијата се искачи на 22.000.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top