Пејачката Бијонсе се спротивстави на обвинувањата дека е избркана од пирамидите поради несоодветно однесување за време на нејзиниот престој во Египет во 2009 година. Наводно, за време на прошетката до пирамидите, еден археолог, кој е познат и како египетскиот Индијана Џонс, ја избркал од групата туристи .
Поранешниот египетски министер за магазинот „Индипендент“ изјавил:
– Со многу туристи што сум ги водел на прошетката сум станал пријател бидејќи тоа се фини луѓе. Но оваа дама рече дека ќе дојде на време, но задоцни, а не се ни извини.
– На туристичките излети секогаш има и фотограф, а таа имаше свој фотограф, како и телохранител. Кога мојот фотограф почна да фотографира, нејзиниот телохранител скокна и го спречи во тоа. Тогаш вистински полудев и ги избркав од групата – рече револтираниот археолог.
Меѓутоа, од тимот на Бијонсе за телевизијата „Е“ изјавија дека оваа приказна е измислена:
– Ништо од наведеното се нема случено. Бијонсе последен пат беше во Египет на турнејата во 2009 година. Оваа лага е уште една во морето кажани за неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.