| четврток, 6 декември 2018 |

Деркоски: Штрајкот на машиновозачите нема да го наруши железничкиот сообраќај

Voz_445

И покрај штрајкот на дел од машиновозачите, членови на Независниот синдикат на машиновозачи на Македонски железници, директорот МЖ Транспорт, Оливер Деркоски уверува дека сообраќајот ќе се одвива нормално.
Тој информира дека со најголем дел од вработените и припадниците на останатите синдикати е разговарано и е постигнат договор односно нема спорни точки околу потпишувањето на колективниот договор и исплатата на платите.

Деркоски се надева дека тој толку посакуван колективен договор наскоро ќе биде потпишан, а исплатата на платите ќе биде онака како што првично било договорено – на двапати.

Останува да најдат заеднички јазик и со членовите на Независниот синдикат кој што се уште штрајкуваат, а кој според негово уверување се околу шестмина машиновозачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top