Црногорскиот селектор Драган Аџиќ е избран за ракометно лице на 2012 година од страна на „Хендбол Планет“, специјализирана страница за ракомет. Аџиќ доби 43 гласа, пред Бојана Поповиќ (32), репрезентативката што тој ја предводеше од клупата на Црна Гора. Изборот е сосема логичен, бидејќи Аџиќ имаше импресивна сезона во која на трипати се искачи на победничките подиуми. Со женската селекција на Црна Гора стана европски првак и олимписки вицешампион, а на клупски план ја предводеше екипата на Будуќност до европскиот трон во Лигата на шампионките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


