| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на загинатите во Кичево

kicevoПознат идентитетот на загинатите во сообраќајната незгода во Кичево. Според полицијата, во сообраќајната незгода што рано утрово во четири часот и десет минути се случи на улицата „Ужичка република“ во Кичево загинале Адмир В.(25) Јетон Е.(25) и Мурат А.(15), сите од Кичево, додека Г.С. (27) и Р.С.(26) од Кичево се здобиле со телесни повреди. Поради сериозноста на повредите Р.С. е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Тешката сообраќајна незгода се случила во момент кога патничкото моторно возило „голф“ со кичевски регистарски таблици, движејќи се по улицата од железничката станица кон локалниот пат за Крушино, преминало на левата коловозна лента и со предниот дел директно удрило во тротоарот и во бетонски електричен столб по што возилото се извртело и со задниот лев дел удрило во станбен објект.
На местото на тешката сообраќајна незгода е извршен увид во присуство на дежурен истражен судија и јавен обвинител, како и од полициски екипи од полициската станица во Кичево. Во текот на денот, доктор на судска медицина врз телата на починатите ќе изврши обдукција. Се преземаат дополнителни мерки за утврдување на причините за тешката сообраќајна незгода – велат од СВР Охрид.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top