| четврток, 6 декември 2018 |

Одрони и голомразица нa патиштата – каде да возите повнимателно

Сообраќајот на сите државни патишта низ Македонија се одвива по на места влажни коловози. Поради ниската температура можна е појава на голомразица, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово- Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде што е можна почеста појава на одрони. Во тек се теренски активности на делницата Миладиновци-Куманово на делот од Агино Село кон Миладиновци. Работите се изведуваат од 7 до 18 часот, а има 24-часовна сообраќајна сигнализација за привремена измена на режимот на сообраќај. За потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на делницата Неготино-Демир Капија, од вчера почнаа геодетски активности за што е потребно да се воведе привремена измена на режим на сообраќај и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до 27 јануари. Работите ќе се изведуваат од 7 до 17, со 24-часовна сообраќајната сигнализација. Градежни работи во периодот од 10 до 14 часот се изведуваат на патниот правец Раброво – Костурино (Р1401), за вградување на асфалтот по целата ширина на патот. На патните правци Кочани – брана Калиманци (А3) и Македонска Каменица – Делчево (А3) се врши надградба на асфалтната подлога и санација на риголите, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива непречено, а се очекува градежните работи да се одвиваат до средината на декември. На патниот правец Маврови Анови – Дебар се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и приспособување на брзината според условите на патот. На патниот правец Велес – Кадрифаково се изведуваат градежни работи, кои во првата фаза и се одвиваат од клучка Велес, крај на трета лента (депонија Велес) до Лозово, Сарамзалино. Патниот правец Р2 332, Охрид- Ресен преку Галичица, од местото Корита до зимскиот центар Отешево, се затвора сезонски за сообраќај на сите возила. Забраната ќе трае до 31 март в година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, што ќе трае до 15 март в година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top