| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Хануках самеах

gruevski500

Премиерот Никола Груевски, по повод еврејскиот празник Ханука, денеска испрати честитка до членовите и припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија.
-Овој значаен еврејски празник е безвременска потврда на победата на слободата и слободниот човечки дух врз насилството, тиранијата и поробувањата. Вечерва, додека припадници на Еврејската заедница ја палат првата менора одбележувајќи го почетокот на осумдневното празнување, празникот на светлината Ханука уште еднаш не потсетува на приказната која е двигател на вербата на еврејскиот народ во последните 2.000 години. Нека слободарскиот пламен кој гори овие празнични денови биде вечна светлина во животот на еврејскиот народ, но и на сите други народи желни за слобода, праведност и достоинствен живот, вели во честитката Груевски.

Поздравувајќи ги со традиционалниот поздрав ХАНУАКАХ САМЕАХ, премиерот Груевски на припадниците на Еврејската заедница им посака радосни празнични денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top