| четврток, 6 декември 2018 |

Нема прекини во железничкиот сообраќај во земјава

zeleznicka stanica
Нема прекини во железничкиот сообраќај, а така ќе биде и утре и во наредниот период согласно редовниот возен ред, велат од МЖ Транспорт а.д. Скопје. Возовите сообраќаат редовно и покрај тоа што Независниот синдикат на машиновозачите на Македонија од изутрината стапи во штрајк со најава за редуциран сообраќај. За од утре напладне НСММ најави целосен прекин на железничкиот сообраќај.

Според НСММ, денешното сообраќање на возоуте е затоа што е најдена замена за машиновозачите кои поради штрајкот одбиле да ги возат возовите. Раководството, тврди НСММ, врши притисок врз дел од машиновозачите за да работат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top